Македонски концепт во целост го прифаќа и поддржува “Македонскиот манифест” на МПЦ- ОА, МАНУ и УКИМ

Македонски концепт со особена радост и општо задоволство ја дочека информацијата дека конечно Македонската академија на науките и уметностите, Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје подготвија меморандум насловен како „Македонски манифест“, потпишан од претседателот на МАНУ, акакдемик Љупчо Коцарев, архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски.

Тоа значи дека се создава база за промоција на македонска доктрина, која ќе биде темел за поткрепа на државноста на македонската Република, која нема да робува на стериотипите на минатото и на старата југословенска доктрина, која беше во насока на поткрепа на државноста на поранешната Федерација. Тоа е целосно компатибилно со политиките и заложбите, тоа е база на политичката платформа Македонски концепт, истакнати во нашиот “Граѓански манифест”, промовиран минатата година.

Во тој контекст изразуваме целосна поддршка и подготвеност да помогнеме во имплементација на “Македонскиот манифест” на нашите врвни македонски институции.

 

Треба да знаете
Последни објави