Михаел Солтер, Филип Морис ТКП : Инвестирањето во вистински луѓе е клучно за иднината на компаниите

Eдна од моите најголеми лекции во текот на мојата кариера е дека условите на пазарот постојано се менуваат, затоа, никогаш не плашете се да се соочувате со предизвици, бидејќи тука учиме најмногу. Ова секогаш им го повторувам на моите колеги, особено на помладите, кои штотуку ја започнуваат својата кариера во Филип Морис. Учењето што го добиваме од тие предизвици е скапоцено, а можностите за раст се огромни“. Ова го истакна Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП на сесијата „Вреднување на нашето најценето богатство – луѓето“ во рамките на овогодинешниот бизнис самит „Македонија 2025“.

Зборувајќи за дилемата која постојано се поставува околу тоа што е најважно за бизнисот – клиентите или вработените тој посочи дека автентичноста на една компанија произлегува пред сé од луѓето кои работат таму. Притоа, еднакво е важно каков однос има работодавачот кон своите вработени, но и кон своите потрошувачи. Тоа се две работи на кои се посветува особено внимание во Филип Морис Интерншнл (ФМИ) на глобално ниво, во која се  цени резултатот што го постигнува секоја индивидуа одделно и тоа е единствениот услов за напредување во кариерата во рамките на глобалната компанија.

Инвестирањето во вистински луѓе е клучно за нашата иднина, и затоа ние во ФМИ го правиме токму тоа. Големината на големите корпорации се рефлектира токму во ова – вработените да се чувствуваат дека се дел од големо семејство, да бидат горди на тоа и да се трудат да ги исполнат зададените задачи, придонесувајќи за раст на филијалата, но и на глобално ниво за компанијата како целина. Ние сакаме сите наши 73.500 вработени ширум светот да се чувствуваат поддржани, почитувани и да имаат можност да го искажат целиот свој потенцијал, без оглед на нивниот пол, возраст, раса, националност, родов идентитет, етничка припадност, сексуална ориентација, религија, попреченост или која било друга разновидност што ги прави самите видливи или невидливи“, рече Солтер.

Тој потенцираше дека во компанијата не постои поделба на вредноста на помали или поголеми организациски единици, а уште помалку поделба на вработените според која земја или од кој сектор потекнуваат. Тоа значи дека ако некој работи во деловна единица на мали пазари како што е Македонија, или на големи како Италија или Германија, вредноста е иста, заклучи Солтер.

 

Треба да знаете
Последни објави