(Фото) Му го скршила срцето: „Бали бег“ пред Фахрие сакал една жена, но нејзиното семејство не го прифатиле

Екстра популарниот турски актер Бурак Озџивит или попознат како Бали бег пред нешто повеќе од две години го остави ергенскиот живот позади себе и се ожени со преубавата колешка Фахрие Евџен со која од пред една година имаат и едно дете.

Според она што го пишуваат турските медиуми, заводникот пред врската со „Неџла“ бил заљубен во поранешната водителка на „Фешн ТВ“, Џејлан Чапи која пак му го скршила срцето.

Имено, Џејлан и Бурак биле заедно две и пол години, но според она што се шпекулира нејзиното семејство никогаш не го прифатило актерот затоа што за разлика од нив тој не потекнувал од моќно и богато семејство. Официјално врската ја прекинале во 2014 година,а долго потоа се шпекулираше за причината на нивното прекунување.

Во еден турски таблоид, дури беше објавено дека Џејлан всушност го пронашла Бурак во кревет со друг маж, па таа го оставила токму поради тоа, сепак, подоцна се дозна дека причината е всушност тоа што Џејлан потекнува од богато семејство, а Бурак бил скромно момче.

И додека родителите на шармантната девојка и обезбедија сè во животот, актерот морал сè да заработи самиот. Наскоро, поради разликата во карактерите, тие почнале се’ почесто да се расправаат, а Озџивит не бил прифатен од богатото семејство на Џејлан. Раскинувањето било неизбежно, а Бурак останал со скршено срце.

– Наскоро по раскинувањето, започнав многу да работам. Се запознав со Фахрије, со која првично бев пријател. Искуството ме научи дека љубовта може да биде опасна и не сакав да ја изгубам главата поради тоа. Фахрије ме убеди дека вистинската љубов сè уште постои – рече Бурак еднаш.

Преземено од Скопје24

Треба да знаете
Последни објави