Власта на премиерот во заминување Зоран Заев уште еднаш потврди дека е одлепена од реалноста. Огласот за вработување на нови 280 нови вработувања во Македонски пошти е показател дека не знаат кај тераат. Ги интересира само како да ги искористат државните ресурси за лично богатење, луксузирање или партиски вработувања. Народот гледа на дело каде одат народните пари. Само овој пакет непотребни вработувања ќе ја чини државата 120 илјади евра народни пари месечно, односно скоро 1,5 милиони евра годишно.
Која е логиката да вработуваат 280 лица во компанија како Македонски пошти, која има загуба од 10 милиони евра?!
Тие ја полнат Македонска пошта во улови кога истата е превработена и компанијата нема пари да исплати плата на досегашните вработени. Дополнително вработуваат 280 нови вработени во време кога пропаѓа Еуростадард банка и кога со месеци е замрзнат целиот платен промет кој се вршеше преку неа.
На крајот, лудилото на власта на премиерот во заминување Зоран Заев може да се виде и во фактот што во услови кога стопанството е во колапс, кога болниците немаат основни средства да го штитат здравјето на граѓаните во епидемија, кога 40 илјади деца немаат основни средства да следат онлајн настава, кога кратат пари за изградба на клинички центар, болници, патишта итн, тие се спремни да потрошат 1,5 милиони евра годишно за 280 нови партиски вработувања.
Народот ја плаќа оваа разузданост и лудост на власта на Заев.
Затоа што поскоро замине власта на Заев, толку подобро за Македонија.
Оставка на Заев, слобода на народот!