Францускиот претседател Емануел Макрон, во долго интервју за онлајн медиумот Брут, се осврна на бројните кризи што ја загрижуваат младата генерација: здравствени, економски, безбедносни, терористички и идентитетски кризи.
Изборот на еден медиум близок до младите Французи не е случаен, Емануел Макрон има висока популарност кај младите од 18-24 години (49 отсто), според анкетата на Одокса-Дентсу Консалтинг за Ле Фигаро и Франс Инфо, јави дописникот на МИА.
За време на долго интервју дадено на интернет-медиумот Брут во петокот попладне, Макрон повика на „нијанса” во третирањето на вестите, сметајќи дека не е потребно „да има само еден (единствен) поглед врз насилството”.
-Немам проблем да го повторам терминот „полициско насилство”, но го деконструирам, затоа што тој стана слоган за луѓето кои имаат политички проект, рече Емануел Макрон, притоа признавајќи дека „има полицајци кои се насилни” и „кои мора да бидат казнети”, сумираше тој.
Осврнувајќи се на полицајката која беше „нападната од лудаци” за време на „Маршот на слободите” минатата сабота во Париз, Емануел Макрон ги осуди „дивите луѓе” кои вршат насилство на маргините на сите неодамнешни демонстрации.
-Денес кога имаме боја на кожа која не е бела, ние сме многу поконтролирани (…) Ние сме идентификувани како фактор на проблем и тоа е неподносливо, изрази жалење францускиот претседател.
-Не можам да дозволам да се каже дека ги намалуваме слободите во Франција, рече Макрон, кој смета дека Франција „е карикатурирана” во дебатата за членот 24 од предложениот закон за „општа безбедност”.
-Ова е голема лага. Ние не сме Унгарија или Турција, рече тој, проценувајќи дека темата” е контаминирана со воинствен говор, непријателски настроен кон владата и кон него. Одбивајќи да одговори на навредите на Ердоган.
Францускиот претседател побара „итно запирање” на логорите за превоспитување на Ујгурското малцинство во Кина, потсетувајќи дека ако се сака да се бие силен против Кина, потребно е цела Европа заедно да биде наспроти неа. Односно потребно е да се бранат европските вредности.
Директно обраќајќи се до младите Французи со имигрантско потекло, Макрон им порача:
-Република, пред сè, ве препознава и вие сте шанса за неа. „И така, вашата индивидуална историја е дел од нашата историја и францускиот идентитет, рече тој.
Францускиот претседател се надева дека извештајот на историчарот Бенжамин Стора, кој се очекува на крајот на годината ќе дозволи да се заврши „историската работа за војната во Алжир”. Ако успее, тоа ќе доведе до „помирување на спомените затоа што во нашата земја имаме купишта спомени од алжирската војна, кои се исто така како рани”, се надева Макрон. Тој и понатаму се залага за учењето на арапскиот јазик на училиште, бидејќи сега „некои коишто го нудат неговото учење, предаваат и сепаратистички, идеолошки проекти кои оддалечуваат од Републиката”. Во таа прилика Макрон зборуваше за „нова терористичка хидра”, оценувајќи дека треба се стекне „оружје” за распуштање на здруженија кои просперираат на овие идеологии”. Според Макрон, „може да се критикуваат сите религии”.
Тој е против на воведување на РСА (минимален приод за активност за лица без приходи) за помлади од 25 години. Најавувајќи нова помош за младите на почетокот на 2021, во 2020 владата посвети за помош на младите кои излегуваат од студии 6,5 милијарди евра, со помош за вработување на 400 000 млади до јануари 2021.
Во однос на прашањето за 300 000 без покрив над главата во Франција, Макрон реагираше дека државата инвестирала 2 милијарди евра но потсети дека тајната имиграција фрла во беда илјадници лица кои доаѓаат од далеку.
Францускиот претседател е против задолжителната вакцинација против Ковид-19, но смета дека треба да се организира вакцинацијата на лицата со ризик.
Емануел Макрон, смета дека не треба да добива „лекции за климата”, посочувајќи ги запирањето на оспорените проекти од страна на екологистите, како аеродромот Нотр Дам де Ланд или Еуропасити. Тој не се откажува од неговата намера за целосно исфрлање од употреба на глифосатите во 2023 година.т