Македонската одбојкарска репрезентација ќе биде домаќин на двата квалификациски турнири за пласман на Европското првенство, откако Данска се повлече од организацијата на еден од турнирите и го откажа настапот поради актуелната состојба со коронавирусот.
Својот втор последователен пласман на едно европско првенство, македонската одбојкарска репрезентација ќе го бара во пресметките со Босна и Херцеговина и главниот фаворит во групата, Турција.
Пласман на завршницата ќе обезбедат првопласираните од седумте квалификациски групи, како и петте најдобро второпласирани репрезентации.
Двата квалификациски турнири во Скопје ќе се одржат во периодот од 10. до 17. јануари во салата „Борис Трајковски”, а точниот датум и саатниците за одигрување на натпреварите, дополнитено ќе бидат утврдени.