Стојаноски: Ја повикувам владата да го прифати овој амандман и да не ги крати средствата од 100 милиони денари за кејот и речното корито на реката Лепенец

Заедно со пратеникот Владо Мисајловски како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров поднесовме амандман во износ од 100 милиони денари или скоро 1.5 милиони евра со цел уредување на кејот и речното корито на реката Лепенец во регионот на општината Ѓорче Петров, кој беше изгласан и овие средства се обезбедени за реализација на овој проект.

Ова не беше добра волја на мнозинството кое гласаше против вклучувајќи ја и пратеничката на СДСМ од Ѓорче Петров која исто така гласаше против овој амандман кој треба да реши еден децениски проблем на граѓаните на Ѓорче Петров и како опозиција го надгласавме мнозинството и обезбедивме средства за решавање на овој горлив децениски проблем.

Овој проект е желба на сите жители на Ѓорче Петров, кој досега не беше надминат, а ВМРО-ДПМНЕ и од опозицијата прави се што може за да ги реши проблемите на граѓаните. Овие средства се доволни да се оплемени овој простор со модерни паркови, кеј за спортување и да се исчисти речното корито, наместо досегашните депонии.

Ја повикувам владата да го прифати овој амандман и да не ги скрати средствата и ВЕДНАШ да отпочне со реализација на овој проект.

Ние ќе ги следиме во чекор и нема да дозволиме граѓаните на Ѓорче Петров да бидат измамени и да бидат оставени без средствата за реализација на овој проект.

Треба да знаете
Последни објави