Во нафтената рафинерија на компанијата „Енген” во Дурбан, во Јужноафриканската Република, рано утрово одекнала експлозија, изјави локален полициски претставник. Засега нема информации за евентуални жртви или повредени лица. Портпарол на „Енген” изјави дека компанијата во текот на денот ќе испрати соопштение.
Станува збор за втора по големина рафинерија за сурова нафта во ЈАР.