Повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо од Загреб со победата на гостувањето кај холандскиот Феенорд (2:0) обезбеди место во нокаут фазата од Лига Европа на едно коло пред крајот во групата К.
Капитенот на „модрите“, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ја оправда лидерската позиција во тимот со добра игра и учество во акциите при постигнувањето на двата гола за својот тим. На овој меч во Ротердам, Адеми стана рекордер по бројот на европски настапи за Динамо.
-Немаме време да славиме, в недела не чека Славен Белупо, па ЦСКА Москва, па Риека. Распоредот е навистина тежок, ќе има време и за славење. Тоа што завршивме први е убава работа, за ждрепката не размислуваме и немаме некои посебни желби. Неверојатно ми делува податокот дека се уште не сме примиле гол во Лига Европа, изјави Адеми.