Утрово во центарот на Белград, кај паркингот на јавниот сервис РТС, се случила силна експлозија во која има човечка жртва и материјална штета.Според првите и неофицијални информации, загинал еден работник, а најмалку двајца или дури тројца се тешко повредени.
Според српските медиуми, детонацијата, предизвикана од експлозија на три боци за заварување од каде искра запалила истечен гас, била толку силна што можела да се слушне во целиот центар на Белград, а на околните згради не само што испукале стаклата, туку и прозорците излетале од рамките.
Неколку возила се оштетени, а стакло е расфрлано насекаде.