Момче на возраст од 19 години во Англија возело мотоцикл со брзина од 290 км/ч во обид да побегне од полицијата.
Инцидентот е забележен на југот на Англија каде што 19-годишниот Маријан Василика Драгој го возел мотоциклот со голема брзина.
Потерата ја снимал полицискиот хеликоптер, а Драгој го возел мотоциклот со лажни регистрарски таблички и не запирал на нејолку семафори иако било запалено црвено светло.
Исто така во еден момент запрел и тргнал во погрешен правец за да дојде до бензинска пумпа и да наполни гориво.
На крајот полицијата успеала да го уапси, а на судот се изјаснил виновен по неколку точки од обвинувањето.
Извор: 24auto.mk