Сара Каминс мислела дека венчавката ќе биде најубавиот ден во нејзиниот живот. Меѓутоа, нејзиниот свршеник ѝ раскинал два дена пред закажаната свадба.
Таа и свршеникот ја планирале свадбената забава цели две години, гостите веќе биле поканети и сите трошоци биле однапред платени.
Сара ја откажала венчавката и ги известила сите гости.
Како и да е, оваа 25-годишна девојка не сакала да дозволи тагата да ја скрши. Добила одлична идеја. Решила да искористи тоа што ресторанот е платен, па организирала фешта за бездомници.
Со помош на планерката за венчавки, веднаш се зафатила со неопходните подготовки. Двете донеле повеќе од 100 бездомници, кои биле воодушевени од гозбата на својот живот. Сите уживале во вкусната храна, и немале доволно зборови за да ја искажат својата благодарност.
Иако скршена од тага, таа направи многу луѓе среќни, па макар и еден ден.
Овој преубав гест се случил пред две години, а и понатаму привлекува внимание на интернет. Веројатно затоа што хуманите гестови се многу ретки.