Напаѓачот на англискиот фудбалски премиерлигаш Челзи, Оливие Жиру е прогласен за најдобар играч на 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Французинот постигна четири гола на мечот против Севилја (4:0).
Покрај Жиру, за признанието најдобар на колото во ЛШ конкурираа и играчот за врска на Башакшехир – Ирфан Кавеџи, фудбалерот на Салцбург – Мергим Бериша и членот на Интер – Ромелу Лукаку.