Сообраќајот утринава се одвива по наместа влажни коловози, но без забрани. Слаб снег има на Попова Шапка, а магла на планинскиот премин Стража каде видливоста е намалена од 50 до 70 метри.
Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, повремени прекини на сообраќајот од 15 до 20 минути денеска ќе има на патниот правец Кичево – Охрид на делницата Пресека-Песочан кај селото Врбјани. Прекините се поради градежни активности на патот.
На граничните премини од македонска страна утринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата.