Вечерашниот натпревар на Европското ракометно првенство за жени меѓу Србија и Холандија е одложен, бидејќи во таборот на нашиот северен сосед има еден позитивен тест на коронавирусот, соопшти ЕХФ. Натпреаврот од групата Ц е одложен за утре со почеток во 20.30 часот.
Една ракометарка на Србија при направените први тестови на експедицијата веднаш на аеродромот при пристигнувањето во земјата домаќин Данска, имала позитивен тест и таа е ставена во карантин.
Според здравствено-безбедносните протоколи на ЕХФ и останатите членови од српскиот тим кои биле негативни на првото тестирање мораат да останат изолирани во своите соби. Второто тестирање на српската експедиција е направено рано утрово, а репрезентативките ќе имаат и трето тестирање утре се вели во соопштението на ЕХФ.