Пожарникарите сè уште се борат да стават под контрола шумски пожар на падините на еден рид југоисточно од Лос Анџелес, 24 часа откако избувна во шумски кањон, за кој се сомнева дека е предизвикан од неисправен домашен генератор.
Изгаснати се околу 10 проценти од пожарот, евакуирани околу 25.000 луѓе, но огнената стихија сè уште беснее на 6.400 хектари.
Двајца од околу 500 пожарникари испратени на местото на пожарот се хоспитализирани со повреди, објави пожарникарската служба во округот Оранж.
Локалните жители изјавија дека пламенот се запалил кога сопственици на куќа без електрична енергија се обиделе да го вклучат својот генератор и тој експлодирал.
Пожарникарите сè уште не ја соопштија можната причина за пожарот.