Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Марко Орешковиќ“ и дел од улицата „Димо Хаџи Димов“ во Општина Кисела Вода.
Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и Канализација“, причината за прекинот е дефект на улицата „Марко Орешковиќ“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со активностите.