На денот кога гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусм, предупреди дека државата се соочува со нов наплив на заразени со Ковид-19, Румер Вилис се огласи на Инстаграм за да открие дека не знаејќи била изложена на коронавирусот.
32-годишната ќерка на Брус Вилис и Деми Мур го изрази својот гнев затоа што контактирала со некој кој не ѝ кажал дека има симптоми и дека не носел маска на лицето.
„Повеќе не е за дискусија!“ напиша таа на својата инстаграм-приказна. „Не ми е гајле што сакате да направите за себе, но за другите носете проклета маска !“
„Не е толку тешко да се биде пристојно човечко суштество и да се заштитите себеси и другите.“