Градските власти во Неапол по итна постапка донесоа одлука за преминување на стадионот „Сан Паоло” на кој Наполи ги игра своите натпревари и истиот од денеска го носи името на неодамна починатиот легендарен аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона.
Марадона во 1984 година го изненади фудбалскиот свет со трансферот од Барселона во Наполи, оставајќи неизбришлива трага во прволигашот од Неапол со кој освои две шампионски титула во Италија, како и Купот на УЕФА.
-Изминатите 17 години имав разговори со градските власти со желба да го купам стадионот и да го применувам во Диего Армандо Марадона. Тоа е единственото исправно, во знак на сеќавање на Марадона. И да започневме да градиме нов стадион јас повторно би го именувал по него, изјави претседателот на италијанскиот прволигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис за „Скај Италија”.