Конгресот во Аргентина синоќа одобри воведување закон за еднократен данок на богатство, додека Владата се обидува да ги зголеми приходите кои се силно погодени од пандемијата.
Сенаторите дадоа конечно одобрување на таканаречениот законот за солидарност и вонредни придонеси, кој веќе беше изгласан од членовите на Долниот дом на Парламентот, со 42 гласа „за” и 26 „против”.
Законот пропишува еднократен данок од најмалку два проценти за физички лица кои имаат имот вреден повеќе од 2,01 милиони евра (200 милиони пезоси), а целта на Владата е да собере 3,04 милијарди евра.