Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Притоа, на територијата на Центар изрече 123 мерки, меѓу кои 13 за возење без возачка дозвола 11 за некористење сигурносен појас, осум санкции за управување возило под дејство на алкохол, седум за нерегистрирани возила, пет мерки за технички неисправни возила за јавен превоз.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, апелира МВР.