Кадиз забележа уште една сензационална победа во шпанската фудбалска Ла Лига. По триумфот во Мадрид против актуелниот првак Реал, Кадиз вечерва како домаќин и зеде мерка и на Барселона (2:1). Кадиз го запиша петтиот триумф во сезоната, додека Барселона го претрпе четвртиот пораз, во само десет одиграни натпревари.
Барса, по убедливите победи над Осасуна во Ла Лига и Ференцварош односно Динамо Киев во Лигата на шампионите, против Кадиз повотрно ги демонстрираше сите свои слабости.
Каталонците доминираа во поседот, константно напаѓаа, но успеаја да постигнат само еден гол. Мора да се истакне дека најголемо влијание за ваквиот резултат имаше голманот на Кадиз, Ледезма, кој имаше осум интервенции.
Дека Барселона нема по добро да памети гостувањето во Кадиз, најави Хименез во осмата минута, кога од непосредна близина ја смести топката во голот, по грешката на Мингуеза.
Она што не успеаја играчите на Барселона кога ја имаа иницијативата, им успеа на домашните играчи. Еден од најдобрите во тимот на Кадиз, Алкала си постигна авто-гол во 57.минута.
Шест минути подоцна, лошата комуникација помеѓу Ленгле и Тер Штеген ја искористи ветаранот Алваро Негредо кој погоди за 2:1. Негредо постигна гол од својот прв контакт со топката.
До крајот на мечот Барса напаѓаше, Пјаниќ промаши одлична шанса во 86 минута, Меси не успеа од слободен удар, па резултатот остана непроменет.