Матичен лекар од Крушево и медицинска сестра од Битола починаа од Ковид

Медицинска сестра од од хируршкото одделение на Битолската клиничка болница почина од компликации предизвикани од Ковид-19. Како што информираат од Министерството за здравство 55-годишната жена во тешка здравствена состојба била донесена на болница, а предходно подолг период била на боледување. Таа е прва жртва на вирусот меѓу здравствените работници од Битола.

Матичниот лекар од Крушево, спец.др.Вангел Трајулески – Луше, денеска починал од Ковид-19, а веста ја споделија на социјалните мрежи, колегите од Здравствениот дом во Крушево.

„На овој маглив декемвриски ден не изгуби само фамилија Трајчулески. Изгуби и Здравствен Дом Крушево и здравствената фела , соработник кој секогаш ни излегуваше во пресрет кога и да беше потребно. Изгубија Крушево и крушевчани неговите пациенти , доктор кој никогаш не се штедеше и даваше максимум од себе за бидат задоволни .Тешко е да се каже збогум на човек – доктор , кој кариерата ја започна во Здравствен Дом Крушево и иако продолжи како матичен лекар сепак беше дел од нашиот колектив со сето свое знаење , квалитет , човечност и хуманост несебично ги даде на пациентите. Беспрекорен во својата работа не само сега во ова зло , туку и во целиот негов работен век , никој никогаш не врати од преглед , никогаш не повиши тон на никој , секогаш насмеан .Се бореше за здравјето на сите пациенти давајќи максимум , но за жал не ја доби најважната битка , битката за својот живот против невидливиот непријател Ковид 19 . Почивај во мир драг докторе , и биди горд и ти и твоето семајство за сите прекрасни спомени што ги остави зад себе.Никогаш нема да те забораваиме спец.др.Вангел Трајулески – Луше“, стои во објавата на Здравствен дом Крушево.

Треба да знаете
Последни објави