Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска, на 5.12.2020 година, на 4 минути по полноќ, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML1.9.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот беше почувствуван од граѓаните во Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.