Шампионот на Шпанија, Реал Мадрид забележа победа со 1:0 на денешниот дерби натпревар од 11. коло во фудбалската Ла Лига против Севилја. Трите бода на „кралевите“ им ги обезбеди голманот Боно со автогол постигнат во 55. минута.
Со оваа победа Реал се искачи на 3. место, а тренерот Зинедин Зидан го намали притисокот што изминатиот период беше насочен кон него, бидејќи навивачите бараат подобри резултати.
Се шпекулираше и за можен отказ за Зидан доколку се загуби од Севилја, но за негова среќа до тоа не дојде.