Репрезентациајта на Србија во првиот натпревар на Европското ракометно првенство за жени го фрли на колена актуелниот светски првак Холандија (29:25). Овој натпреавр требаше да се одигра вчера, но поради позитивни тестови на коронавирсуот во српската експедиција на пристигнувањето во Данска, селекцијата беше испратен во изолација и и бееа направен уште два тестови, по што средбата се одигра денеска.
Србија направи пресврт во вториот дел откако по првиот дел губеше (9:15), а останаа и без една од најдобрите свои ракометарки Андреа Лекиќ кој се повреди и го напушти теренот. Во вториот дел селекторот на Србија ја смени тактиката и одигра со седум на шест во нападите што им донесе резултат. Со серија од 6:0 се вратија во игра, а во завршницата подобро се снајдоа и стигнаа до првата победа на првенството.
Катарина Крпеж Слезак ја предводеше Србија до победата со постигнати 11 гола и беше прогласена за играч на натпреварот. Во репрезентацијата на Холандија, Даник Снедлер со пет гола беше најефикасна, а не помогнаа ниту 15 интервенции на Тес Вестер.
Во вториот меч од вечерниот термин Шведска и Шпанија одиграа нерешено 23:23 по голема борба. Шведска имаше добар старт, поведе со 6:3 но Шпанија брзо се врати и израмни. До полувремето Шпанија обезбеди предност од 13:10.
Неизвесноста и борбата на теренот продолжи и во вториот дел, екипите го менуваа водството, а во последната минута Родригез погоди за нерешено и поделба на бодовите. Поради остар старт додека ривалките изведуваа удар од девет метри на петнаесетина секунди до крајот, црвен картон доби Лара Гонзалес.
Тоа значеше и удар од седум метри за Шведска, кој Петрен не го реализира. Шпанскиот селектор Карлос Вивер викан тајм-аут на десетина секунди до крајот, но неговите избранички не успеа да создадат добра позиција за шут и Пена биеше само крај голот, па мечот заврши реми, 23:23.
Токму Нереа Пена беше најефикасна во репрезентацијата на Шпанија со шест гола, додека во тимот на Шведска Мелиса Петрен беше прв стрелец со осум гола.