Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов од Штип денеска јавно на настан на Зоран Заев во општина Штип му постави неколку прашања на кои Заев немаше одговор.
Прво со кој образ ветувате дека за 9 месеци ќе ги реализирате проектите кои што три и пол години не ги реализиравте?
Второ, дали знаете во компанијата Баргала која што е во роднинска врска со вашиот кандидат пред десетина дена има исплатено плата од 2 денари на вработените?
И последно прашање кој ви дал право да преговарате во име на македонскиот народ, да го продавате македонскиот јазик, македонската култура и македонскиот идентитет?