Ботас пред Расел во квалификациите на ГН за Бахреин

Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, кој е позајмен во тимот на Мерцедес за да го менува Луис Хамилтон на трката за Големата награда на Бахреин, којa ќе се вози на патеката Сакир, утре ќе стартува од второто место, веднаш зад својот привремен тимски колега, Валтери Ботас, кој во денешните  квалификации докажа дека подобро го познава болидот.

На крајот, Ботас за 26 илјадити делови од секундата беше подобар од Расел и го остави без премиерна пол позиција во своето деби во Мерцедес, а Ферстапен мораше да се задоволи само со третото освоено место во квалификациите.

Друштво во вториот ред ќе му прави Шарл Леклер кој извади максимум од перформансите на своето Ферари, а во првите 10 се најдоа уште Перез, Квијат, Рикиардо, Сајнц, Гасли и Строл.

Само за потсетување, ова е втора трка која ќе се вози на патеката Сакир во Бахреин, откако онаа минатата седмица мина во знакот на страшниот инцидент кој за среќа го преживеа Роман Грожан, кој, пак, е заменет од Фитипалди.

Треба да знаете
Последни објави