Вардар го наполни кошот на Крива Паланка

Прволигашката екипа на КК Крива Паланка денеска ја пречека екипата на ЖКК Вардар од Скопје во рамки од 4-то коло од Прва лига жени при Кошаркарска федерација на Република Северна Македонија. Победија гостинките од Скопје со резултат 68-110.
Натпреварот се одигра во спортска сала Бранители 2001,  без присуство на публика.
Овој натпревар беше во фокусот на вниманието помеѓу повеќето дуели викендов поради гостувањето на актуелниот првак “Вардар”.
Денешниот натпревар беше прв во Источната група од лигата во ова коло,а „Вардарки” со искусниот состав ја потврдија улогата на фаворитки, иако се сметаше дека ова не е ниту малку наивно гостување против младата екипа на КК Крива Паланка.
Во лигата Исток утре на програмата се натпреварите во кои “МЗТ Скопје” во Аеродром го пречекува Куманово, “Баскет КАМ” е домаќин на екипата на “Пробаскет”, Кавадарци.

Во групата Запад ќе се одигра само еден натпревар, во Кавадарци,  а кошаркарките на “Трокал” ќе бидат  домаќини на ЖКК “Струга 2009”, за која тоа е првиот официјален меч во новата сезона во Првата лига – жени.

Треба да знаете
Последни објави