Почетокот на женското ракометно ЕП за репрезентацијата на Србија донесе многу проблеми, кои за среќа не се одразија на резултатски план во првиот меч, на кој приредија изненадување со тиумф над Холандија (29:25).
Српската репрезентација при пристигнувањето во Данска, земјата домаќин на ЕП се соочи со позитивни тестови во своите редови, а на дуелот против актуелниот светски првак Холандија им се повреди и една од најдобрите ракометарки Андреја Лекиќ за која најверојатно првенството е завршено.
Поранешната ракометарка на скопски Вардар заработи повреда на Ахиловата тетива и на носилка со солзи во очите беше изнесена од теренот и однесена во болница во Колдинг на прегледи.