Мицкоски, доста плачеш и доста лажеш, народот не те сака, на твоите лаги не ти веруваат ниту во твојата партија

Со сите лаги што ги изнесе денеска на таканаречениот протест, Христијан Мицкоски само ја потврди студијата на ЕУ дека тој и неговите профили на социјалните мрежи е извор на дезинформации и лажни вести.
Мицкоски, доста ги малтретираш твои приврзаници со кои си организираш таканаречени протести кои служат единствено да си ја спасиш фотелјата во белиот дворец.
Мицкоски, доста лажеш и глумиш загриженост, факт е дека за идентитетот македонски, за македонскиот јазик  ниту се преговара ниту ќе се преговара.
Мицкоски, доста плачеш, граѓаните на 15 јули ти го покажаа патот на изборите, во опозиција каде уште долго ќе останеш.
Граѓаните одбраа државата да продолжи напред кон развој и интеграција, Мицкоски останува сам, изолиран во сопствениот очај, во сопствената хистерија.

 

Треба да знаете
Последни објави