Во Романија денеска се одржуваат парламентарни избори, а фаворити се проевропските либерали на актуелниот премиер Лудовик Орбан, и покрај критиките на кои беа изложени поради одговорот на епидемијата на коронавирусот.
Премиерот Лудовик Орбан, либерал кој во изминатата година предводеше малцинска влада, вети дека ќе ја модернизира најсиромашната земја членка на ЕУ и ќе ја задржи на „проевропскиот” пат.
Иако се очекува ниска излезност на изборите, помала од 40 отсто, аналитичарите тврдат дека причина за тоа не е само пандемијата.
– Повеќето Романци се демотивирани бидејќи веруваат дека сите партии се исти, истакна Лилиана Попеску, професорка по политикологија на Националниот универзитет за политички студии и јавна управа.