Земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер денес ја погоди турската крајбрежна провинција Анталија, соопшти Осерваторијата Канадили.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 93,3 километри.
Турските медиуми јавуваат дека потресот се почуствувал во Анталија и соседните провинции, пренесе „Ројтерс“.
За сега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.