Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскјер е задоволен од изданието на неговиот тим на денешниот дуел со Вест Хем во рамките на 11. коло кое го добија со 3:1.
– Во првото полувреме се обидовме да се справиме со нивните контранапади. Премногу често грешевме. По слабото прво полувреме, дадовме голот во второто и тоа го смени расположението во нашиот тим. Ривалот е квалитетен кој може да создаде тешкотии за многу екипи. Јас сум многу, многу среќен дека победивме. Секако, многу сме задоволни од играта на гостински терен. Мислам дека и домашната форма не е лоша, стануваме постабилни и подобро се справуваме со вакви натпревари. Кога губиме 0:1 или 0:2, не ни паѓа самодовербата и овој карактер е важен, рече Солскјер.
Манчестер јунајтед се наоѓа на 4. место со 19 бода од 10 натпревари.