Стерлинг изнуди 20 пенали, најмногу во историјата на Премиер лигата

Играчот за врска на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити, Рахим Стерлинг изнуди  пенал на денешниот натпревар со Фулам во рамките од 11. првенствено коло.

Во 25. минута дефанзивецот Јоаким Андерсен го фаулираше 25-годишниот Англичанец во казнениот простор. Главниот арбитер Џонатан Мос покажа на белата точка. Ова беше вкупно 20. Пенал досуден врз Стерлинг и тоа е рекорд во Англиското фудбалско првенство.

Кевин де Бруин го реализира пеналот, а Сити го доби мечот со 2:0.

Треба да знаете
Последни објави