Штип е меѓу приоритетните градови да има модуларна болница со оглед на тоа што има преоптовареност на болничките капацитет, најави денеска министерот за здравство Вено Филипче при посетата на штипските здравствени институции.
– Јас верувам деека може да се завршат сите работи до крајот на годинава,рече Филипче.
Приоритет освен Штип, додаде, ставивме и на Струмица, Струга и Гевгелија и со истата динамика како што тука се работи за обезбедување на подлогата, така се работии во останатите три градови.
Што се однесува до барањето за обезбедување војската, посочи, таа е на располагање согласно барањата за постапување.
-Главниот кризен штаб на Центарот за управување со кризи одлучува по тие барања, рече Филипче. Прашан за случајот со починатата беровчанка на штипското Инфективно одделение, кое го анализира стручна Комисија на Лекарската комора, Филипче со одговор дека извештајот се уште не е пристигнат.