Излезе на виделина дека премиерот во заминување спрема нов пораз и продажба на идентитетот во исто време кога се колне во црвените линии и Македонија.
Заев како редок прототип на квислинг во исто време кога вели дека го сочувува идентитетот се докажува дека повторно лаже.
Еве 5 факти кој го потврдуваат тоа.
- Заев изјави дека е постигнат напредок во преговорите меѓу комисиите, претставниците на комисиите изјавија дека нема напредок што значи дека Заев лаже.
- Заев изјави дека не преговара за идентитетот додека претставници на историските комисии потврдија дека камен на сопнување е токму зборот македонски што е фундаментот на нашето идентитетско определување.
- Заев кажа дека има напредок за 5 историски личности, претставници на комисиите изјавија дека нема дефинирано заклучоци и има нула напредок и на тоа поле.
- Заев изјави дека се пред договор за 11 записници од средбите на историските комисии додека бугарската страна го негира тоа.
- Заев се откажа јавно од антифашистичкото наследство со самото тоа што Бугарите ги прогласи за ослободители наместо окупатори во Втората светска војна.
Зоран Заев треба да одговара за велепредавство. Тој е изворот на проблемите додека решението е народот. Ќе се извини ли Заев за тоа што повторно ја лажеше јавноста и што се пазари за идентитетот?