Алиоски: Челзи е голем клуб, но Лидс покажа дека може против „големите”

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски во изјава за британските медиуми ги сподели своите очекувања спроти вечерашното гостување со својот Лидс кај Челзи во рамки на 11. коло во Премиер лигата.

-Тие се голем клуб со големи играчи, но мислам дека ние веќе покажавме и против други големи клубови, како Манчестер сити и Ливерпул, дека сме подготвени да играме и да постигнеме резултат против такви екипи, изјави Алиоски во пресрет на вечерашниот дуел на „Стемфорџ бриџ” од 21 часот.

-Тие можеби имаат подобри индивидуалци од нас, но нашиот тимски пристап и меѓусебната доверба која ја имаме и навистина ни помага. Не се плашиме да одиме таму и да освоиме бодови, додаде офанзивниот лев бек на Лидс и македонската репрезентација во изјава за британските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави