Хрватска од денес за заошти казнените мерки за непочитување на здавствено-безбедносните мерки во борбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот. Така од денска казната за неправилно носење на заштитната маска ќе изнесува 500 куни, односно 65 евра.
Хрватскиот Сабор го измени законот за заштита на населението од заразни болести, според кој сопственик на приватен имот, доколку организира или дозволи одржување приватно собирање спротивно на уредбите на овој акт, ќе плати парична казна во износ од 5.000 до 10.000 куни (650 до 1.300 евра), јавуваат хрватските медиуми.
Правно лице, доколку не се придржува до епидемиолошките мерки, ќе биде парично казнето од 10.000 до 40.000 куни (1.300 до 5.200 евра). За прекршоците за одговорните лица во правното лице, како и претприемачите и физичките лица кои вршат самостојна дејност е пропишана парична казна од 5.000 до 10.000 куни (650 до 1.300 евра). Во Хрватска вчера биле евидентирани 3.955 нови случаи на зараза со коронавирусот, а починале 68 луѓе.