Нов ден нови црни биланси, 1100 нови заразени и 30 нови починати. Поради Заев, Филипче и Ангелов бројот на починати во Македонија е рекордно висок на светско ниво. Досега од КОВИД-19 умреа 1877 луѓе. 1877 семејства се завиени во црно дури Заев, Филипче и Ангелов убедуваат дека се е под контрола.
Системот крахираше. Луѓе умираат чекајќи да бидат тестирани или хоспитализирани дури функционерите се тестираат и лекуваат експресно и бесплатно. Дури болниците кубурат со персонал, со медицинска и заштитна опрема, забеганата власт вработува 280 лица во компанија кој тоне како Македонски пошти.
Ете во каков амбис ја води Македонија власта на Заев.
Затоа оставка час поскоро.
Оставка на Заев, слобода на народот.