„Апсолутно сум растеретен и служам на мојата земја и целиот мој народ најпатриотски и онака како што знам и умеам. Секако слушајќи го многу внимателно и учејќи го и тоа што не го знам, но знам дека ние сме Македонци кои што зборуваме македонски јазик и сме денес членки на НАТО, ние ќе бидеме Македонци што зборуваме македонски јазик и ќе бидеме членка на ЕУ. Јас изразувам огромна почит за граѓаните од другите етнички заедници, односно Албанците, Ромите, Турците, Власите… што имаат разбирање за оваа прашање кое што се однесува на граѓаните со македонска етничка припадност, затоа што прашањето сега е за граѓаните од македонска етничка припадност, но ЕУ и иднината е за сите нас. Ова прашање со Бугарија не обедини како никогаш повеќе, не обедини дома како етнички заедници“- изјави премиерот Зоран Заев во интервјуто на Канал 77. Кога Заев зборува за обединувањето дома, мисли на сите фактори, освен на опозицијата, која и понатаму продолжува со апсурдни протести за идентитетот, прашање кое воопшто не е на дневен ред. „Тоа опозицијата оставете, опозицијата е аут, почнаа од тоа што се аут, од нивните лични фрустрации веројатно, нивното посветеност кон мене, почнаа да викаат „Да живее Заев“ тоа веројатно оти човек не спие или во сонот или го сонува постојано Заев. Но, јас ги почитувам, тоа е опозиција, сум бил 11 години опозиција и тоа е така, но толку гнев, толку омраза, толку зла крв нека им е на чест, јас немам проблем.“- коментираше Заев за однесувањето на опозицијата и етничкото обединување во државата го илустрираше со пример од праксата. „Дефинитивно како етнички заедници го видовме чувството на победа и заедништво со успехот на фудбалската репрезентацијата кога сите се радуваме, кога било тоа така кај нас? Видовме единство на дело кое што е изградено низ дебата, низ дијалог и меѓусебно разбирање“- заклучи Заев.