Михаилов кај луѓето во црно ги гледа црнилата во мак-фудбалот

Борец  во воцедниот натпреавр од 15. коло во македонската прволигашка конкуренција како домаќин загуби од лидерот Шкендија (0:2). Тренерот на прволигашот од Велес, Горазд Михаилов по мечот причината за поразато ја виде кај делителите на правдата. Неговата реакција се најде на социјалните мрежи.

-Како тренер не можам да останам рамнодушен на фудбалските неправди кои се случуваат на нашите терени од страна на луѓето во црно кои навистина се црно за мак-фудбалот. Не сум реагирал досега, но ова е премногу. За кого се игра фудбалот? Кажете бар да знаеме, но ова е веќе очигледно за кого. Па ние како тренери зависиме од тие срамни одлуки, а луѓето одговорни си ќутат и траат. Овој мој статус ќе биде по онаа поговорката „кучињата си лаат, караванот си врви“. Некои сега очекувам со коментари против мене да пишуваат, кажуваат, каков тренер сум и човек. Нивно право, но сепак ова го кажувам за сите клубови и тренери кои поради ова сме девалвирани и сме на мета, но таква е нашата работа, но сепак трудот и досега постигнатото само по себе си кажува, а вие луѓе во црно го завивте во црно мак фудбалот со чесни исклучоци на одредени судии, но долга е нивата за орање и ќе се сретнеме пак, но нема да биде исто од моја страна. Ова е само дел од денес… Но, тоа пак ќе кажам чудесна Македонија и веќе ништо не не чуди, напиша Михаилов.

Треба да знаете
Последни објави