На собраниската седница која се одржува во моментов го усвоивме
Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметниции други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.
Со овој закон финансиската помош ќе биде достапна и за овие категории на граѓани кои трпат финансиски загуби предизвикани од пандемијата Ковид 19. Грижа заслужува секој граѓанин и токму затоа предложената владина мерка доби поддршка од пратениците и од власта и од опозицијата.