Филипче апелира граѓаните да не земаат лекови на своја рака во битката со Ковид-19

Ризично е граѓаните сами на своја рака да се лекуваат од Ковид 19 а уште по ризично е сами да ги купуваат лековите на црно, апелираше министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека нема доказ дека лековите Ремдесивир и Фавира помагаат во лекувањето на Ковид 19.

„Ниту еден од овие лекови не се докажани дека помагат специфично за новата болест. Тоа се лекови кои се докажани оти помагаат за други болести и ситуации. Така да не може да препишеме лекови кои не помагаат за конкретна диагноза“, изјави Венко Филипче.

Министерот ги советува пациентите кои ќе почувствуваат симптоми на Ковид 19 да се консултира со матичниот лекар кој ќе одлучи каква терапија е потребно во лекувањето со вирусот.

„Никој не треба да посегне да бара лекови коишто не се докажани дека помагаат во лекувањето на Ковид-19. Уште во светот има огромен број на клинички студии коишто ипситуваат лекови. Сите знаеме дека специфичен и посебен лек за оваа болест нема. Се прави комбинација на постојните терпаии за некои други болести или сиптомите коишто ги дава оваа болест, а мора да знаеме и граѓаните да знаат дека има навистина широка лепеза на симптоми со коишто оваа болест може да се манифестира“, изјави Филипче.

Треба да знаете
Последни објави