Јувентус со пресврт го доби градското дерби со Торино

Актуелниот италјански фудбалски првак Јувентус ги освои бодовите во градското дерби со Торино (2:1).„Старата дама“ мораше да се бори за пресврт за да стиген до трите бода откако гостите обезбедија водство уште во 9 минута преку Енкулу. Јувентус се мачеше до 77. минута кога резервистот МекКени успеа да израмни со глава по асистенција на Куадрадо, што за Американецот беше прв гол во црно-белиот дрес.

По речиси ископирана акција 12 минути подоцна донесе гол за Бонучи, повторно на асистенција на Колумбиецот.

До крајот немаше време за Торино да стигне до бод, па дозволи уште еден пресврт сезонава, а Јувентус стигна до петтата победа за вкупно 20 бодови на табелата, што привремено е доволно за второто место.

Треба да знаете
Последни објави