Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 904 новозаразени со Ковид-19, а повторно е голем бројот на смртни случаи на дневно ниво, односно 101 починат, јави дописничката на МИА од Атина.
Од новите случаи, 203 се во Солун, 164 во Атина, а останатите се во 40 други делови на Грција.
Во земјата има вкупно 115.471 позитивен случај, а од почетокот на епидемијата починаа 3.003 лица.