Играчот за врска на Милан, Франк Кеси го отвори резултатот на вечерашниот натпревар против Сампдорија на кој „Росонерите” поставија нов клупски рекорд во Серија А, постигнувајќи гол на 30 првенствени натпревари по ред.
Последен пат тимот предводен од тренерот Стефано Пиоли не успеа да постигне гол токум на дуелот со Сампдорија (0:0) на 6 јануари.
Во второто полувреме прецизен во редовите на домаќините беше Кастиљехо, а Сампдорија преку Екдл го намали резултатот.
Милан по десет кола е лидер на табелата во Серија, по вечерашната победа (2:1) разликата со второпласираниот Интер е пет бода.