Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 873 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болни, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 128, во ковид – центарот во Гостивар 61, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 69 пациент, во Кочани 18, во Кичево 21, Кавадарци 46, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар девет позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1296 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид – центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.