Пратениците изгласаа враќање на парите што им беа скратени на партиите поради пандемијата

Помина Законот за финансирање на политички партии со кој на партиите им се овозможува враќање назад на парите кои им беа скратени со уредба со законска сила пролетва оваа година поради пандемијата.

Со измените на законското решение практично пратениците гласаат за враќање на околу 4 милиони евра кон нивните матични партии.

Пред две години на политичките партии од буџетот им беше овозможено годишно да добиваат 4.5 милиони евра, односно 0,15 отсто од средствата на јавната каса.

Треба да знаете
Последни објави