Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, ги демантираше информациите дека има судир меѓу САД и ЕУ околу евроинтеграцијата на Албанија.
Во реакцијата на Твитер во врска со тоа напиша дека ваквите информации не се карактеристични за реалната состојба, нагласувајќи дека САД и ЕУ се обединети во поддршката на интеграцијата на Албанија во ЕУ.
-Ваквите написи лошо ја карактеризираат ситуацијата. САД и ЕУ се обединети во нашата поддршка за Албанија во ЕУ. Во ниту еден момент САД не повикаа на „затворање на очите” за недостатоците, туку напротив ги нагласивме истите и понудивме поддршка за напредок, напиша амбасадорката Ким.
Додава дека САД заедно со ЕУ се толку многу фокусирани во правосудните реформите во Албанија, вклучително и потребата Уставниот суд да профункционира до крајот на годинава.
Амбасадорка Ким во неколку наврати упати апел Уставниот суд, кој не функционира повеќе од две години, да биде формиран до крајот на годинава „нешто што ветиле албанските власти”.
Таа во последниот апел „ги замолува Претседателот, Парламентот и правосудните институции да продолжат
итно да работат за финализирање на ова многу битно прашање”.